Connect with us

Фудбал

Неверојатна сцена во Лига Европа, навивач влета на теренот, нападна голман, но за секунда се најде на земја (ВИДЕО)

Неверојатна сцена на меч од Лига Европа на дуелот ПСВ-Севиља. Еден домашен навивач успеа да се провлече покрај обезбедувањето и да го нападне гостинскиот голман Димитровиќ. Сепак, навивачот веројатно не очелувал такца реакција од голманот кој успеа да го совлада и собори на земја, го држеше така додека не стигна обезбедувањето. Веројатно ова е последен меч за овој навивач кој го гледал во живо на стадион, бидејќи сигурно ќе добие забрана, покрај другите мерки кои ќе ги преземат органите на прогонот.