Connect with us

Фудбал

Неверојатно, ама вистинито, Лионел Меси на платниот список на Барселона до 2025-та година?!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта даде интересно и опширно интервју во кое се осврна на голем број интересни теми. Лионел Меси е секогаш еден од нив, иако Аргентинецот одлучи кариерата да ја продолжи во Интер Мајами, сепак, тој ќе биде на платниот список на Барселона уште речиси две години!

“Му посакувам се најдобро на Меси. Подготвуваме огромно збогување со него и натпревар кој го заслужи, а кој не го доби на Камп Ноу. Би било совршено да се случи на реновираниот стадион, кога ќе завршат работите. Исто така, му должиме на Меси и плаќаме пари до 2025 година, што се заостанати плати што ги договори со претходната администрација за време на пандемијата“, рече Лапорта.

Тој се осврна на потенцијалните засилувања како и заминувања . Се чини дека Ориол Ромеу ќе биде најреалната опција како замена за Серхио Бускетс.

“Ориол зад себе има одлична сезона во Џирона. Иако не е таму долго време, тој е дете на “Ла Масија” и технички може да одговори на барањата. Чави е свесен за ситуацијата во која се наоѓа клубот и дека немаме пари за скапи засилувања.Мораме да се грижиме за се. Досега добивме понуди за Кристенсен, Араухо, Педри, Де Јонг и Рафиња. Ансу Фати?!  Ајде да го оставиме да се докаже, бидејќи треба повторно да ја заработи довербата на Чави, но веруваме дека може да го направи тоа. Ќе му бидам благодарен ако остане. Не знаеме што ќе биде со Кеси, зависи дали сака да замине или да остане. Ако остане, ќе биде од помош. Што се однесува до Ленгле, мислам дека ќе се договориме со Тотенхем“, посочи Лапорта.