Фудбал
Неверојатно е колку голмани има ПСЖ во првиот тим, а сега го донесоа и Донарума
ПСЖ синоќа потврди дека Џанлуиџи Донарума потпишал договор со овој клуб.
Донарума пристигна во ПСЖ како слободен агент откако му истече договорот со Милан. Италијанскиот голман потпиша договор за соработка со Парижаните до летото 2026 година.
Сигурно е дека ПСЖ заврши одлична работа со доведувањето на Донарума, кој беше најдобриот играч на последното Европско првенство.
Донарума беше херој и на Италија во финалето против Англија бидејќи беше одличен во пенал серијата, а со своите одбрани на својата репрезентација и ја донесе титулата европски шампион.
Неговото доаѓање е одлична работа за ПСЖ, но многумина се прашуваат што ќе се случи со голманите што веќе ги има овој клуб. Прв голман минатата сезона беше Кејлор Навас кој бранеше одлично и ќе биде интересно да се види дали Донарума ќе го заземе неговото место во првиот тим.
Сепак, покрај Навас и Донарума, овој француски клуб располага со уште седум други голмани, што е навистина неверојатно.
Покрај нив двајца, во првиот тим е и Серхио Рико, а ова лето Алфонс Ареола се врати од позајмица од Фулам. Тука се и Марцин Булка, Александар Летелие, Гарисон Иноцент и Денис Франки.
Јасно е дека ПСЖ има проблеми со бројот на голмани во првиот тим и ќе се обиде што побрзо да го реши проблемот.
Некои од нив ќе бидат на позајмица, додека се шпекулира дека клубот сака да ги продаде Рико и Ареола кои не сакаат да ја „загреваат клупата“ следната сезона бидејќи им е јасно дека ќе биде тешко да се добие минутажа до Донарума и Навас.