Connect with us

Фудбал

Неверојатно е за што се подготвени сите во Париз за да го задржат Мбапе: Моќта на клубот е огромна

Килијан Мбапе одби неколку понуди од ПСЖ за продолжување на соработката.

Парискиот клуб на 22-годишната sвезда и понуди договор според кој ќе заработува дури 45 милиони евра по сезона до 2024 година, но Мбапе ја одби понудата.

Францускиот напаѓач очајно сака да замине во Реал Мадрид. Тој би можел да оди таму како слободен играч, но ПСЖ не се откажува и целта е да го задржат во француската престолнина.

ПСЖ е буквално подготвен да направи се за да го убеди Мбапе да остане во клубот. Наводно, дури своја улога има и францускиот претседател Емануел Макрон.

Наводно, тој е тој што е во контакт со Мбапе за да остане во ПСЖ. Тој се обидува да го убеди да остане во Франција и Париз и да ги одбие сите понуди од Мадрид.

Клубот е уверен дека на крајот ќе успеат да го задржат Мбапе, кој е член на ПСЖ од 2017 година, а фактот дека и францускиот претседател се обидува да ја убеди sвездата на ПСЖ да остане, јасно покажува колку е моќен парискиот клуб.