Connect with us

Фудбал

Неверојатно: Лук Шоу играше со скршени ребра на последниот ЕУРО натпревар!

Англиските медиуми откриваат дека Лук Шо играл со скршени ребра против Италија во финалето на ЕУРО.

Шо беше еден од најдобрите играчи на репрезентацијата на Англија на Европското првенство, па стисна заби и го играше финалето иако очигледно беше повреден.

Неговото присуство на крајот не им помогна на Англичаните, кои беа поразени од Италија на пенали и останаа без трофеј на својот Вембли.

Англиските медиуми сега пишуваат дека Шо претрпел повреда против Германија и дека му биле скршени ребрата, но дека тој сепак одбил да не игра.

Оваа повреда Шо ја влечеше некое време, па како таков играше и финале и полуфинале против Данска.

Одличниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед одигра навистина добро од самиот почеток од крајот на турнирот, и на крајот на краиштата го постигна единствениот гол во финалето против Италија, но тоа не беше доволно за Гордиот Албион …