Фудбал
Неверојатно, Реал Мадрид го понудил Еден Азар на англискиот великан, но интерес нема?!
Белгискиот репрезентативец дојде во Реал од Челзи во 2019 година и се очекуваше да биде предводник на „кралскиот тим“. Сепак, тој не ги исполни очекувањата и повеќе време помина во болници поради повреди отколку на теренот, па неговото заминување од Мадрид е се пореална опција.
Неофицијалните информации велат дека веќе го отпишале во Реал и дека му понудиле на Манчестер Јунајтед да го купи во јануарскиот преоден рок.
Сепак, „црвените ѓаволи“ ја одбиле понудата, сепак и покрај тоа тешко дека Азар ќе го одработи договорот со важност до 2024 година.
Оваа сезона Азар одигра вкупно 10 натпревари и постигна еден гол.