Connect with us

Фудбал

Невил: Роналдо сака да го надмине Пеле

оранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил го сподели своето мислење за Кристијано Роналдо.
Двајцата беа соиграчи на „Олд Трафорд“ и Невил е добро запознаен со квалитетите и карактерот на Португалецот.

Тој верува дека Роналдо има план да го најде рекордот на Пеле за најмногу голови и да биде прогласен за најголем играч во историјата.

„Неговата желба да се биде најдобар на светот беше едноставно неверојатна. Тој е еден од ретките фудбалери со кои сум играл кој јавно кажа дека за него се важни индивидуалните награди. Тој сака да биде над сите и тос што има постигнато во последните години е неверојатно. Неговите достигнувања се неверојатни, но тој напорно работи за нив. Тој е опседнат со постигнување на голови и да се задржи во најдобра можна форма. Убеден сум дека тој има план да го надмине рекордот на Пеле најмногу. Тој сака да биде најдобар на сите времиња, а тоа е неговата единствена цел во животот, а во исто време разбира дека за да биде најдобриот, треба да им помогне на тимовите во кои игра, да освојат трофеи и да се биде успешен, рече Невил