Connect with us

Фудбал

Невозможниот обид на Роналдо во првите секунди: Дибала дури не се ни сврте, а топката веќе беше далеку (ВИДЕО)

Јувентус успеа да го сврти резултатот во своја корист против Торино и некако дојде до победа од 2:1.

Торино го има водство во поголем дел од натпреварот, но клекнаа на колена во последните 15 минути кога погодија Вестон Мекени и Леонардо Бонучи за победа на Јувентус.

Во пресрет на мечот, Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар играч во ноември, додека не беше многу забележителен на теренот.

Роналдо го имаше првиот обид во воведните секунди. Почетниот удар го имаше Пауло Дибала, а Португалецот веднаш шутираше кон голот.

Најдобриот играч на Јувентус шутираше, додека Сиригу не ни требаше да интервенира. Топката отиде преку голот, а впечаток е дека лошиот обид воопшто не ја загрижи „седмицата“ на Старата дама.

Патем, ова беше еден од ретките натпревари во кои Роналдо беше тотално безопасен бидејќи не упати ниту еден удар кон противничкиот гол.