Фудбал
Незаборавна сцена од Камп Ноу: Родителите неутешни поради нивниот син кој повторно заигра
Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати се врати на терените на одличен начин.
Фати повторно игра фудбал по пауза од 10 месеци поради сериозна повреда на коленото, а на натпреварот против Леванте му беа потребни само неколку минути за да постигне гол.
Откако ја погоди мрежата на противникот, Фати налета на прегратките на д-р Луис Тил, со кого работеше на закрепнување претходните месеци.
Ansu Fati had a tough recovery following a serious knee injury that required four surgeries.
So when he scored on his return, he ran to the stands to celebrate with the doctor that helped him through it ? pic.twitter.com/VM7786UHrJ
— B/R Football (@brfootball) September 26, 2021
Емоциите беа навистина огромни, но она што се случи на трибините ќе се памети долго време.
Семејството на 18-годишниот фудбалер плаче неутешно откако Ансу постигна гол. Тие ја доживеаја вистинската агонија од претходните месеци заедно со него и едноставно „експлодираа“ откако го видоа повторно како игра фудбал.
Овие емоции не можат да се купат со пари.
Ansu Fati's family were brought to tears when the 18-year-old scored on his return from injury ?❤️ pic.twitter.com/EjaAB9qCNz
— ESPN FC (@ESPNFC) September 27, 2021
Ансу Фати е најмладиот стрелец во историјата на каталонскиот великан (16 години и 304 дена), а има одиграно вкупно 42 натпревари и постигнато 14 голови.