Connect with us

Други спортови

Ники Лауда се изненадил од писмото на Себастијан Фетел

Трикратниот шампион во Формула 1, Австриецот Ники Лауда добил писмо од пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, во кое Германецот му испратил пораки за добро здравје по неговата трансплантација на белиот дроб оваа година.

Лауда, кој се надева дека ќе се врати на својата позиција како извршен директор на Мерцедес следната сезона, го даде своето прво интервју по операцијата во текот на летото за италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ и го спомена неочекуваниот гест на Фетел.

  • Писмото беше пишувано од Себастијан своерачно и беше вистинско задоволство да се прочитаат тие убави зборови и пораки за мене. Не го очекував тоа бидејќи обично Ф1 возачите не прават такви работи, туку само возат. Но, Себастијан е многу добра личност, вели Лауда.

Австриецот  истакана и дека апсурдно е да се верува дека местото на Фетел во Ферари е под знак прашалник.

  • Да, тој имаше неколку обесхрабрувачки моменти, но апсурдно е да се критикува четирикратен светски шампион. Не заборавил да вози брзо и ќе се врати посилен во 2019 горина, во тоа сум сигурен, додава Австриецот.