Connect with us

Фудбал

Никој не го сака Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо порано беше желба на многу европски великани, но sвездата на Јувентус во моментов никој нема намера да ја ангажира ниту еден тим поради неговата плата.

Во последно време многу се зборува за заминувањето на Роналдо од Старата дама. Роналдо се поврзуваше со враќање во Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед и со потенцијален трансфер во ПСЖ.

Сепак, Кориере Торино наведува дека Кристијано Роналдо нема понуди од други клубови поради високата плата која ја бара за да потпише договор.

Кристијано во моментов заработува 31 милиони евра годишно во Јувентус. Ниту еден тим не сака да му даде таков договор и се поизвесно е дека и следната сезона ќе ја гледаме португалската starвезда во дресот на Старата дама.

Кристијано сигурно нема да се жали на тоа. Неговиот договор трае до јуни 2022 година, тој ја има главната улога во тимот и тешко дека ќе промени нешто доколку остане во клубот и следната сезона.

Роналдо стана член на Јувентус во 2018 година. Тој пристигна од Реал Мадрид за 100 милиони евра, а неговиот ангажман се исплати за торинскиот гигант.

Значи, неговиот трансфер долго време се плаќаше само од продажба на дресови, и платата е исто така покриена од тоа и сигурно е дека Јувентус не жали што го има Роналдо во тимот.

На нив сигурно нема да им пречи да остане таму и следната сезона. Роналдо е голема sвезда од која имаат големи придобивки без оглед на тоа што има 36 години и дека е на крајот од кариерата.

Кристијано игра одлично оваа сезона. Тој постигна 32 гола на 36 настапи, и додаде четири асистенции на тој учинок.

За помалку од три сезони, Португалецот има одиграно 126 натпревари за Старата дама и има учинок од 97 погодоци.