Connect with us

Фудбал

Никој сезонава не успеа, само Интер, прв пораз на Елмас и Наполи (ВИДЕО)

Екипата на Интер одигра одличен меч на “Џузепе Меаца” каде со 1:0 го совлада лидерот на табелата Наполи, за прв пораз оваа сезона на тимот на Спалети. Интер беше подобар, Наполи одигра под очекувањата, па се чини дека поразот беше неизбежен. Единствениот гол беше дело на Един Џеко во 56-та минута кога со глава погоди по центаршутот на Димарко. Интер имаше уште неколку добри шанси пред постигнувањето на голот, но Димарко и Дармијан не погодија од одлични позиции.

Наполи останува лидер со 41 бод, следува Милансо 36, па Јувентус со 34 и Интер со 33 бодови.

Елиф Елмас ги одигра последните 15-тина минути, откако во игра влезе во 76-та минута на местото на Кварацхелија.