Connect with us

Кошарка

Ништо од големиот трансфер во Барселона

Членот на управниот одбор на Барселона, Џоан Блејд ги демантираше гласините дека следната сезона, дресот на кошаркарскиот клуб Барселона ќе го носи Пау Гасол.

Одличниот 40-годишен кошаркар изрази желба да ја продолжи кариерата. Шпанските медиуми објавија дека Барселона е близу до договор со него, но очигледно нема да има ништо од тоа.

„Нема и нема да има преговори со Пау Гасол“; рече Џоан Блејд.

Гасол играше за Барселона од 1998 до 2001 година кога замина во НБА, а тој не игра кошарка од март 2019 година.

Пау има желба да се натпреварува на Олимпијадата следната година и ќе видиме дали тој ќе успее во тоа.