Connect with us

Фудбал

Ништо од Манчестер Јунајтед, Роналдо потпишува нов договор со Јувентус?!

Според италијанските медиуми, Кристијано Роналдо ќе остане уште неколку години во Јувентус. Наводно „Старата дама“ ќе му понуди нов договор на Португалецот кој ќе важи до 2023-та година. Сегашниот истекува на 30-ти јуни 2022-ра.

Со оглед на тоа дека Роналдо има 36 години, останува да се види дали ова значи дека кариерата ќе ја заврши во Торино. Претходно многу се шпекулираше за негово можно враќање во Манчестер Јунајтед по завршувањето на оваа сезона.