Connect with us

Фудбал

Нисколигаш ќе игра против Баерн, а со пораката ја насмеа цела Германија: Да бидеме подобри од Барселона и Шалке

На стартот на германскиот куп Баерн Минхен доби лесна задача. Жрепката сакаше тие да играат против нисколигашот ФК Дурен. За нив ова ќе биде лесен меч, а за противникот историја, шанса каква што не можеле ниту да замислат. Јасно е дека не сонуваат дека ќе поминат понатаму, но изјавата на еден од челниците на ФК Дурен ја насмеа цела Германија.

-Желбата ни е да бидеме подобри од Барселона и Шалке, изјави тој.

Колку за потсетување, Барселона загуби со 8:2 во полуфиналето од Лигата на шампионите, а Шалке неодамна е „прегазен“ со 7:0.