Connect with us

Други спортови

Ниту оваа сезона нема да гледаме Формула 1 во Австралија

Фановите на Формула 1 и оваа сезона нема да уживаат во трката за Големата награда на Австралија

Сезоната во најбрзиот циркус на светот традиционално започнува во Мелбурн со трката за ГП во Австралија, но две сезони по ред тоа не е случај.

Минатата година трката беше одложена затоа што панемијата на коронавирусот беше во полн ек, но Мелбурн се врати во Формула 1 календарот за оваа сезона.

Сепак, Формула 1 утрово објави дека и оваа сезона нема да имаме трка за Големата награда на Австралија.

Имено, поради пандемијата на коронавирусите и ограничувањата што се на сила во оваа земја, во моментов не е можно да се одржи трка за австралиското ГП.

Од Формула 1, тие објавија дека Мелбурн повеќе не е на календарот и дека се надеваат дека трката конечно ќе се одржи следната сезона.

Сигурно е дека Ф1 ќе го пополни календарот, но сè уште не е познато каде ќе се одржи трката што беше планирано да се вози во Австралија.

Исто така, треба да се напомене дека трката во Мото ГП конкуренција оваа сезона нема да се вози во Австралија.