Connect with us

Фудбал

Ниту трофејот во ФА Купот не му помогна, отказ за Тен Хаг!

Само два дена по победата над Манчестер Сити (2:1), на Тен Хаг ќе му се каже да ги спакува куферите од Олд Трафорд. Она што се најавуваше со недели, дури и без разлика на исходот од финалето на ФА Купот, е пред потврда. Британските медиуми, пред се Дејли Мејл, наведуваат дека Тен Хаг е веќе поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед. По две повеќе од неуспешни сезони, Холанѓанецот го напушта Театарот на соништата.

Една година пред да му истече договорот, што значи дека треба да се обесштети, но тоа ќе биде мала утеха. Новата група на луѓе во Јунајтед, предводена од Сер Џим Ретклиф, имаат задача да доведат нов менаџер и нивниот прв избор е Роберто Де Зерби.