Connect with us

Фудбал

Нојер не размислува за повлекување по неуспехот на Германија на СП

Голманот на Баерн Минхен и на репрезентацијата на Германија, Мануел Нојер не планира да стави крај на кариерата во Бундестимот, и покрај елиминацијата од Светското првенство 2018. Нојер, кој се врати на теренот по половина година поради повреда на коленото, носи одговорност за некои од примените голови.

– Треба да преземеме одговорност за неуспехот. Но јас немам намера да се повлечам од репрезентацијата, изјави Нојер.

Запрашан за активностите во натпреварот со Република Кореја, кога тргна во половината на противникот и го остави својот гол празен, Нојер одговори: „Зошто тргнав напред? Мислевме дека се уште има надеж за нас. Тоа беше моја грешка“.

Германскиот национален тим не успеа да ја надмине групната фаза на СП 2018, иако четири години претходно ја освои титулата во Бразил. Тимот го освои последното место во група со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.