Connect with us

Фудбал

Нов клуб за италијанската легенда: Раванели пристигна во Киев

Поранешниот познат италијански фудбалер Фабрицио Раванели стана нов тренер на Арсенал од Киев.

Раванели долго време не плива во тренерските-водите, ова е неговиот трет ангажман во кариерата, откако го предводеше младиот тим на Јувентус и Ајачо, а со клубот од главниот град на Украина потпишаа едногодишен договор.

На презентацијата во новиот клуб тој призна дека неговата сопруга не ја сака оваа работа, но на крајот успеа да ја убеди.

“Таа не беше многу среќна за ова, но знае колку е важна за мене, а моите деца го разбраа тоа. Украина има два тима со висок квалитет, Шахтјор и Динамо”, им рече Раванели на новинарите по доаѓањето во Киев.

Како фудбалер, Раванели, има играно за Јувентус, Лацио, Мидлсбро, Дерби Каунти, Марсеј …