Фудбал
Нов пресврт во промената на името на Интер
Италијанските медиуми утрово објавија дека славниот Интер од март ќе го смени името и грбот.
Интерназионале е целосното име на клубот од северот на Италија, а медиумите објавија дека „Интер Милан“ ќе биде неговото ново име, и дека грбот ќе се смени со симболите на буквите И и M, нешто слично на она што го правеше порано Јувентус.
Сепак, Ла Република сега објави дека името на клубот нема да се промени и дека „ФК Интернационале“ ќе остане, а „Интер Милан“ ќе се користи само за лансирање на новиот грб.
„Ниту кинеската сопственост на Интер, ниту управата нема намера да го смени историското име на клубот. Името на клубот ќе остане ФК Интерназионале и ова никогаш не било доведено во прашање“, изјави новинарот Франко Вани.
На овој начин, Интер ќе го прослави 113-от роденден на клубот и истовремено ќе се обиде да заработи многу пари преку маркетинг потези и промени.
Потсетуваме дека компанијата Евергранде ќе биде генерален спонзор од новата сезона наместо Пирели, кој ќе замине во историјата по неколку децении.