Connect with us

Фудбал

Нов „шамар“ за Манчестер Јунајтед, Њукасл го презеде фенерот, Џерард дебитираше со триумф

Многу возбудувања имаше во шесте натпревари од 12. коло на Премиер лигата, кои започнаа во 16 часот.

Не изостануваа головите, па на шест натпревари видовме 23 гола.

Спектакуларен натпревар на „Ст Џејмс Парк“ помеѓу Њукасл и Брентфорд, а конечниот резултат беше 3:3. Сепак, со ова реми Њукасл го презеде фенерот на табелата, бидејќи Норич го врза вториот триумф во низа и денеска го совлада Саутемптон со 2-1.

Спектакл беше забележан и на натпреварот помеѓу Барнли и Кристал Палас кој заврши со 3:3.

Манчестер Јунајтед доживеа нова „шамара“ овојпат беше поразен од Ватфорд со 4:1.

Стивен Џерард одлично дебитираше на клупата на Астон Вила, а тимот од Бримингем го совлада Брајтон со 2:0.

Минимален резултат осетвари Вулверхемптон против Вест Хем, конечниот резултат беше 1:0 за домаќините.

Реклама

Facebook

Реклама