Фудбал
Нов шок на СП во Катар, Германија ја доживеа судбината на Аргентина, поведе, а потоа загуби (ВИДЕО)
Јапонија е селекцијата која го направи второто големо изненадивање на СП во Катар. Ја совлада Германија со 2:1. Германците ја доживеаја судбината на Аргентина на мечот со Саудиска Арабија. Први поведоа со голот на Гундоган од пенал во 33-та минута. Десетина минути подоцна на Хаверц е поништен гол поради офсајд.
Во вториот дел, тотален пресврт. Доан во 75-та минута и Асано во 83-та погодија за голем пресврт и победа на Јапонија. Од оваа група Шпанија и Костарика играат во 17 часот.