Connect with us

Фудбал

Нов скандал во Франција: Навивачите на Лион го погодија Пајет со шише во глава! (ВИДЕО)

Многумина со нетрпение го очекуваа вечерашното дерби меѓу Лион и Марсеј, но мечот беше прекинат во осмата минута.

Оваа сезона на терените во Франција видовме неколку големи скандали предизвикани од хулигани на одредени клубови, а „традицијата“ продолжи и вечерва во Лион.

Лион на домашен терен беше домаќин на Марсеј, но мечот беше прекинат во осмата минута откако навивачите на домаќините направија инцидент.

Имено, Марсеј по една акција успеа да добие корнер, а Дмитри Пајет тргна да го изведе.

Но, кога стигна до корнер знамето, еден од навивачите на Лион го удри со шише во глава по што Пајет остана да лежи на теренот.

Реклама

Facebook

Реклама