Connect with us

Други спортови

Нов скандал во Токио: Уште еден натпреварувач одби да се бори против Израелецот

По втор пат на Олимписките игри во Токио, на израелскиот џудист Тохар Бутбул му се случува ривалите да не се борат со него.

Мохамед Абдалрасол од Судан е вториот натпреварувач кој одби да се бори против Бутбул. Алжирецот Фети Нурин прв го стори тоа пред неколку дена. Нурин неодамна одби да се бори против Израелецот Тохар Бутбул, велејќи:

„Напорно работевме за да се пласираме на Олимписките игри, но палестинското нешто е поголемо од сето тоа.

Тој беше поддржан и од неговиот тренер Амар Бен Јаклиф, кој рече дека тој и неговиот борец донеле правилна одлука. Фети го напушти Светското првенство во 2019 година, откако исто така мораше да се бори со гореспоменатиот конкурент од Израел.

Сега Суданецот Абдалрасол ја пропушта борбата против Бутбул. Тој се појави порано на мерењето, но не се појави во закажаниот термин за мечот од шеснаесеттото финале на турнирот во категоријата до 73 килограми.

Меѓународната џудо федерација официјално не ја соопшти причината поради која Абдалрасол реши да не се бори со Бутбул и не одговори на барањата да ја коментира целата ситуација. Суданската џудо федерација исто така молчи.

Меѓународниот олимписки комитет му забрани на Алжирецот да учествува на идните игри и се чини дека истата судбина ќе го снајде и натпреварувачот од Судан.