Фудбал
Нова брука на Јувентус
Пред неколку дена Јувентус загуби од Сасуоло со 2:1 во Торино, а вечерва во Верона го забележа четвртиот пораз во шампионатот сезонава и лудо е да се зборува за шампионските амбиции на старата дама.
Се беше решено за само четири минути, кога Џовани Симеоне постигна два гола.
Прво погоди за 1:0 во 11. минута, а потоа во 14. минута и донесе на Верона 2:0 со еврогол . Тој е одличен напаѓач со девет гола и заедно со Чиро Имобиле е на врвот на листата на стрелци.
Искреше на двете страни, Јуве мораше да оди на се или ништо, што на крајот донесе сосема отворен натпревар, но гостите до гол стигнаа дури во 80. минута. Мекени намали на 2:1 по центаршутот на Данило.
Јуве тргна уште посилно кон голот на Верона, но не успеа да стигне барем до бод.
Овој пораз воопшто не му оди во прилог на Јувентус, а прашање е дали клубот ќе продолжи да му верува на Макс Алегри, чиј втор мандат во Торино воопшто не изгледа добро.
Верона сега е изедначена по бодови со Јувентус (15), но и поради подобрата гол-разлика е пред денешниот ривал, па го зазема осмото место, додека Јуве е деветти.