Connect with us

Други спортови

Нова сезона – нови правила

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 17 март со трката за Големата награда на Австралија, додека ќе заврши во Абу Даби на 1 декември во 2019 година.

ФИА во пресрет на јубилејната 70 сезона во Формула 1, најави промена на некои правила, се со цел шампионатот да добие на атрактивност. Најмногу промени ќе има на самите болиди, а целта е да се намали ефектот на аеродинамичката турбуленција. Ваквите промени треба да донесат повеќе директни дуели на патеките и повеќе претекнувања за време на трките. Предното крило на болидите, во однос на задното ќе биде пошироко и подлабоко. ФИА најави промени и во системот за сопирање, а ќе бидат поставени и нови стандарди за кацигите што ги носат возачите. Исто така тимовите, на болидите, ќе добијат повеќе простор за спонзорите.