Connect with us

Фудбал

Нова снимка од Флорентино Перез: Кристијано Роналдо е болен идиот!

Два дена по ред фудбалска Шпанија ја тресе скандал. „ El Confidencial“ објавува снимки од Флорентино Перез, претседател на Реал Мадрид, како со соговорник зборува за играчите на клубот, односно ѕвездите. Иако се работи за разговор од пред многу години, сепак предизвика турбуленции во Шпанија.

Во првата снимка, Перез кажал дека Раул и Касиљас го уништуваат имиџот на клубот, иако како што е познато двајцата се икони на „Кралскиот клуб“. Во втората, најнова снимка објавена од истиот портал, Перез го нарекува Кристијано Роналдо „болен идиот“.

-Кристијано е луд. Овој човек е идиот, болен човек. Мислите дека ова момче е нормално? Не може да биде нормален кога ги прави сите тие работи што ги прави, наводно се зборовите на Флорентино Перез.

Сепак, како што пишува порталот, Перез не застанал тука.

-Кристијано и Мурињо се личности со огромно его. Двајцата се разгалени и одбиваат да ја прифатат реалноста. Малку да се поинакви би можеле да заработат уште повеќе пари. Мурињо не е нормален.

Во продолжение зборувал за уште еден Португалец, сега веќе екс играч на Реал Мадрид.

-Коентрао е морон. Човек кој вози без возачка дозвола. Обично го*но“, наводно рекол Перез.