Connect with us

Фудбал

Нова снимка од нападот на „Делије“ врз навивачите на Рома (ВИДЕО)

Навивачите на Црвена звезда ги нападнаа навивачите на Рома по мечот на Волфсбург со Емполи, им ги грабнаа транспарентите и на тој начин практично ја изгаснаа подгрупата Федајн која постоеше од 1972 година.

Членовите на Федајн, подгрупа која е во пријателски односи со навивачите на Динамо, Бед Блу Бојс, го напуштија стадионот, не знаејќи дека пред плоштадот ќе ги чекаат околу 50 навачи од Делије вооружени со стапови, палки и факели.

„Тие беа подготвени и отидоа на безбедно. Некој не изневери. Србите добија прецизни упатства како и кога да нападнат и во кое комбе ќе бидат најважните транспаренти на групата“, открива еден навивач на Рома за Il Mesađero и додава.

„Федејн е група сама по себе и секогаш е одвоен од другите по натпреварот. Средбата со Емполи беше натпревар без никаков аларм и никој не можеше да очекува вакво нешто. Најверојатно им помогнале навивачите на Наполи. Се однесуваа како паравоена формација, излетаа од грмушките, удираа силно и прецизно, ги земаа транспарентите и исчезнаа. Некој им помогна додека бегаа“

Навивачите на Рома подоцна ги бараа Делие низ Рим, дури отидоа до аеродромот, но не ги најдоа.

Сега се појави ново видео кое подобро и од поинаков агол покажува како се случил нападот за кој се зборува и пишува од Италија до Србија. Снимен е од самата заседа и покажува како Делије и навивачите на Наполи вооружени со палки истрчале и ги нападнале навивачите на Рома.