Фудбал
Нова sвезда на Барселона: Ова чувство го носам со себе во гробот
Младиот Гвинеец кој ќе игра за Шпанија, Илеикс Мориба, вчера го постигна својот прв гол за Барселона на натпреварот против Осасуна.
Морибу се нарекува новиот Погба, и тој е исклучително талентиран 18-годишник кој ја помина Ла Масија и е уште еден врвен играч „роден“ од фудбалската школа на Барса.
„Сакам да шутирам. Фала му на Бога, топката влезе во голот. Никогаш нема да го заборавам ова чувство, ќе го носам со себе во гробот“, изјави Мориба по натпреварот.
Интересно е што тој, исто како и Ансу Фати, го постигна својот деби гол за Барса против Осасуна.
„Навистина го ценам Фати и го сакам како брат. Среќен сум што го постигнав првиот гол против истиот клуб како него“, додаде Мориба.
Оваа сезона тој одигра вкупно 106 минути во Ла Лига. Првата асистенција ја забележа против Алавес, втората против Севилја, а Куман јавно го пофали и му вети повеќе минути.
„Имав голема среќа што поминав низ младинската школа на Барса. Научив многу во Ла Масија“, искрено рече Мориба.
Со вчерашната победа, Барселона се враќа во трката за титулата.
„Никогаш не мислевме дека лигата е завршена. Тешко е, но не се откажуваме од борбата“, рече Мориба.