Connect with us

Други спортови

Новак го сруши рекордот на Ролан Гарос: Ниту Надал го нема направено ова

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се избори за четвртфиналето на Ролан Гарос против помалку познатиот играч Хуан Пабло Вариљас.

Четвртфиналето беше негов резултат и лани, а бидејќи го совлада Вариљас со 6:3, 6:2 и 6:2, стана рекордер по број на четвртфиналиња на парискиот Грен слем.

Тоа звучи неверојатно ако се земе предвид дека апсолутен рекордер по бројот на титули на Ролан Гарос е шпанскиот играч Рафаел Надал.

„Кралот на глината“ го добиваше тој прекар со секоја од своите 14 титули во Булоњската шума, но Новак го надмина со пласманот во 17. четвртфинале.

Надал има 16 од нив, што само сведочи за неговата доминација секогаш кога ќе се појави во Париз. Годинава отсуствува поради проблеми и повреда на колкот што ја носи од Австралија опен.

Додуша, кога ќе се погледне витрината со титули, барем онаа од Париз, Новак никогаш нема да може да стигне до Шпанецот, бидејќи оваа година го брка третиот трофеј на Ролан Гарос.

Претходните две ги освои во 2016 и 2021 година, а играше и во финалето во 2015 година, кога беше надигран од Стен Вавринка.

Зад Ѓоковиќ и Надал со 12 четврт-финалиња во Париз е Роџер Федерер, третиот член на „големата тројка“.