Connect with us

Тајмаут

Новак Ѓоковиќ донира еден милион евра на Србија за борба против коронавирусот!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе донира еден милион евра на Србија за да се купат респиратори за борба против коронавирусот!

Ова е токму она што го откри на конференцијата што ја правеше од Марбела преку видео-технологија со српските новинари.

„Ви благодарам што присуствувавте на денешната конференцијата. Како прво, би сакал да започнам со голема благодарност до мојот медицински персонал, кој со денови се бори за здравјето на луѓето низ целиот свет и напорно работиме на помош на заразените. Непредвидливата ситуација, многу сериозна, го менува изворот на информации и состојбата од ден на ден“, истакна Новак и продолжи:

„Бројот на заболени и заразени се зголемува секој ден, и соодветно на тоа, Јелена и јас и фондацијата решивме да собереме што е можно повеќе информации за да откриеме кој е најдобриот начин за донирање на нашите ресурси, знаење и пари и како оваа помош може најефикасно да влијае на здравјето на луѓе низ цела Србија“.

„Им благодарам на државните органи што беа на располагање, комунициравме со сите што ни беа на располагање и дадоа информации што ни помогнаа како да ја направиме донацијата“.

До респиратори со помош на неговите родители и чичкото Горан

Набргу потоа, Ѓоковиќ откри дека донира еден милион евра и дека со помош на неговите родители и неговиот чичко Горан ќе „дојде“ до респираторите.

„Нашата донација е еден милион евра за набавка на респиратори и дополнителни производи. Респираторите се најважната опрема за спасување на живот. Судејќи според состојбата во болниците, тие се веќе потребни денес и се најдоброто краткорочно и долгорочно решение. Затоа, решивме да донираме милион за респираторите преку мојот чичко Горан, кој има влијателна мрежа на луѓе на кинескиот пазар“.

Дојдовме директно до производителот и чекаме секој ден за информации за респираторниот волумен и цените. Моите родители имаат многу пријатели ширум Европа, пронајдовме некои респиратори во Германија, ќе купиме некои од таму и ќе донираме таму каде што е најпотребно“, рече Ѓоковиќ.