Други спортови
Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен!
Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија опен.
Најдобриот тенисер на светот лесно го победи 114-от играч во светот и најголемата сензација на годинашниот турнир, Аслан Карацев од Русија, со 3:0, во сетови 6:3, 6:4 и 6:2.
Воведните минути на натпреварот донесоа еднаков тенис. Двајцата тенисери го задржаа својот сервис, но Новак успеа да направи брејк во осмиот гем, а потоа веднаш го потврди за освојување првиот сет со 6:3.
Со двоен брејк, Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата во вториот сет. Карацев успеа да врати еден сервис, опасно му се закани на Новак, но не успеа сензационално да се врати во сетот, па првиот тенисер во светот ја искористи третата сет топка (6:4) за водство од 2-0.
Ѓоковиќ направи брејк на отворањето на третиот сет, но Карацев не ни помислуваше да се предаде и возврати повторно на четвртиот гем.
Сепак, навистина не можеше да стори ништо кога Ѓоковиќ ќе го засили темпото. Разликата во квалитетот беше јасно видлива и Ѓоковиќ лесно го доби третиот сет (6:2) за конечни 3-0 и пласман во финалето.
Таму Ѓоковиќ ќе го чека подобриот играч од дуелот Циципас – Медведев.