Други спортови
Новата сезона во Формула 1 нема да започне во Австралија?
Новата сезона во Формула 1 е планирана за 21 март во Австралија.
Откако властите во Австралија дополнително ги зајакнаа мерките против ширење на коронавирусот, одржувањето на Гран при во Мелбурн е доведено во прашање.
Сите тимови во Формула 1 по пристигнувањето во Австралија ќе треба да поминат 14 дена во карантин или да допатуваат со чартер летови што претставува значителни логистички и финансиски пречки.
Подготовката на привремената патека во Мелбурн треба да започне кон крајот на јануари, што сега се чини неизводливо.
Не е исклучена можноста Големата награда на Австралија да биде одложена за втората половина на годината, а новата сезона да започне со Големата награда на Бахреин на 28 февруари.