Фудбал
Новата сезона во Лигата на шампионите започнува на 20 октомври!
УЕФА денес ги потврди датумите за почеток и крај на следната сезона од Лигата на шампионите.
Поради пандемијата на „Ковид19“, оваа сезона во најелитното фудбалско клупско натпреварување во Европа ќе трае малку подолго, поточно до крајот на август, па мораше да се помести почетокот на следната.
УЕФА денеска соопшти дека групната фаза во сезоната 2020/21 ќе започне на 20 октомври и дека ќе трае до 9 декември, кога ќе се играат натпреварите од шестото коло.
Што се однесува до пролетниот дел, односно нокаут-фазата, тој останува непроменет. Осминафиналето ќе се игра на 16 февруари, четвртфиналето на 6 април, полуфиналето на 27 април, а финалето е закажано за 29 мај во Истанбул.
Целосниот распоред изгледа вака:
Првата коло од групната фаза – 20/21 октомври, 2020 година
Втор коло од групната фаза – 27/28 октомври, 2020 година
Трет коло од групната фаза – 3/4 ноември, 2020 година
Четврто коло од групната фаза – 24/25 ноември, 2020 година
Петто коло од групната фаза – 1/2 декември 2020 година
Шесто коло од групната фаза – 8/9 декември, 2020 година
Осминафинале – први натпревари: 16/17 февруари и 23/24, 2021 година. Реванш: 9/10 март и 16/17 март 2021 година
Четвртфинале – први натпревари: 6/7 април 2021 година. Реванш: 13/14 април 2021 година
Полуфинале – први натпревари: 27/28 април 2021 година. Реванш: 4/5 мај 2021 година
Финале – 29.05.2021 година
Потсетуваме, годинашното финале во Лигата на шампионите ќе се игра во Лисабон. Од четвртфиналето па натаму, ќе се игра само по еден натпревар, а сè ќе заврши на 23 август.