Фудбал
Нови детали за скандалот во Белград и непризнаениот гол на Кристијано Роналдо
Се уште не стивнуваат реакциите за непризнаениот гол на Кристијано Роналдо на мечот Србија – Португалија (2:2). Португалија се пожали во УЕФА, бараше казни за судиите и ВАР, а Европската куќа на фудбалот експресно одговори. Како што велат од 2019-та година планирале ВАР во квалификациите за пласман на СП, но пандемијата со коронавирусот ги спречила да го имплементираат тоа.

Но, анализите дали судиите погрешиле или не и натаму траат. Правилото вели дека топката треба да ја мине гол линијата со целиот обем за да биде гол. Некои дури прават графички анализи и тврдат дека топката со целиот обем не ја минала гол линијата. Сепак, одлучете сами.