Connect with us

Фудбал

Нови проблеми за Барселона, Куман не може да седи на нивната клупа на официјални мечеви

Само што го решија проблемот со најдобриот, па се договорија Лионел Меси да остане уште една сезона, нови пробеми за Барселона. Имено, новиот тренер Роналд Куман не може да седи на нивната клупа на официјални мечеви. За што станува збор? Правилата на Ла Лига се јасни. Се додека има клубот нерасчистени сметки со претходниот тренер, новиот не може да биде официјализиран во нивната лига.

Па, така Барселона има спор со Кике Сетиен, кој поради отказот бара да му биде исплатена целата сума од одговорот, односно платата која требаше да ја добива, додека Барселона инсистира на само половина. Преговорите се во тек, а дали за десетина дена проблемот ќе биде решен останува да се види. Првиот официјален меч Барса го игра на 27-ми септември против Виљареал.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com