Фудбал
Новинарот кој го направи контроверзното интервју со Роналдо порачува: Хрватска ќе ја победи Аргентина
Британскиот новинар Пирс Морган често на Твитер ја коментира играта на хрватската репрезентација, а од некои објави може да се заклучи дека доста сочувствува со неа. Морган утринава ги објави своите прогнози за исходот на првенството и вели дека мисли оти Хрватска вечерва ќе ја победи Аргентина.
„Предвидувам: Хрватска ќе ја победи Аргентина, Франција ќе го победи Мароко, а Франција ќе ја победи Хрватска во финалето на Светското првенство“, напиша Морган.
Инаку, Пирс Морган е добро познато новинарско име. Во светот на спортот стана уште повеќе познат откако го направи контроверзното интервју со Кристијано Роналдо, кој по тоа интервју ја раскина соработката со Манчестер Јунајтед.
PREDICTION: Croatia will beat Argentina, France will beat Morocco, and France will beat Croatia in the final to win the World Cup.
— Piers Morgan (@piersmorgan) December 13, 2022