Фудбал
Новиот тренер на Реал Мадрид го сака Боатенг
Вториот капитен на репрезентацијата на Германија, Џером Боатенг, кој има 68 настапи за „панцирите“, е една од првите желби на новиот тренер на Реал мадрид, Хулен Лопетеги, со голманот на Рим Алисона кој е, како што стои, новиот засилување на Реал, пишуваат шпанските медиуми.
Боатенг се бореше со повреди во изминатите три сезони, и иако тој го пропушти крајот на минатата сезона поради повреда на ногата, германскиот селектор Јоаким Лев го стави на списокот за претстојниот Мундијал.
Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, рече дека клубот ќе слушне понуди за Боатенг и дека клубот нема да го спречи ако одлучи да си замине.
– Разговарав со неговиот агент и ме информираше дека Џером ќе ја разгледува понуди на други клубови. Не е тајна дека имаме минимална цена за него и дека таа не е мала, но ние сме свесни дека Џером размислува да замине, рече Румениге.
Во досегашниот тек на кариерата, Боатенг, освен Баерн и Манчестер Сити, играше и за Херта Берлин и Хамбургер.