Connect with us

Фудбал

Новиот тренер на Виљареал: Барселона се уште ми должи пари!

Кике Сетијен се врати во тренерските води. Тој од пред неколку денови и официјално е назначен за тренер на Виљареал. Пред медиумите зборуваше за неговата работа, а неизбежно беше и прашањето за периодот поминат во Барселона во 2020-та година.

Не се прослави многу, па поради слабите резултати му беше раскинат договорот. Сега тој открива дека Барселона се уште му должи пари. На прашањето што мисли за формата на Барселона во моментов, Сетјен одговори.

-Има и економски аспект што влијае на нивната ситуација. Ова го кажувам затоа што се уште не ми ја исплатиле целата сума за заминувањето“, изјави тој.

Според информациите, Барселона му должи 4 милиони евра.