Фудбал
Новиот живот на Џовани Дос Сантос: Од споредба со Меси до нафтен магнат!
Џовани дос Сантос (35) беше голем скапоцен камен во младинскиот тим на Барселона, клубот за кој потпиша на 12 години, а за кого дебитираше на 17 години со голот против Архус.
По една сезона во Барселона, во која го споредуваа со Роналдињо и го нарекуваа „новиот Меси“, неговата кариера го однесе во Тотенхем, Ипсвич Таун, Расинг Сантандер, Мајорка, Виљареал и Лос Анџелес Галакси во Америка. Дос Сантос има мексиканско, бразилско и шпанско државјанство, а има играно 106 пати за Мексико, со кое освои златен медал на Олимписките игри во 2012 година. Тој ги закачи копачките пред три години, а сега Дос Сантос е исклучително успешен во светот на бизнисот.
🤑 La nueva vida de Giovani Dos Santos: genera millones fuera del fútbol
✍️ @JorgeSerr4no https://t.co/HBcTemyzXl
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) November 14, 2024
Claro Sports објави дека Дос Сантос станал партнер во компанијата Procura Mexico, инаку поврзана со петрохемиската компанија Petroleos Mexicanos (PEMEX). „Информациите покажуваат дека новата работа ќе му донесе помеѓу 400.000 и 500.000 долари годишно“, објави Абрахам Бенсид од Fox Sports. Во Мексико тврдат дека Дос Сантос води и бизнис со купување и продавање на луксузни автомобили во оваа земја.