Connect with us

Фудбал

Ново засилување во Јувентус

Шампионот на Италија, Јувентус го донесе првото засилување за новата сезона.

 Новиот член на Бјанконерите ќе биде поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан, кој утре ќе помине низ лекарските прегледи во Торино и ќе потпише договор со Старата дама.

Јувентус ќе плати 12 милиони евра за услугите на 28-годишниот дефанзивец на Јунајтед, а Дармијан ќе се врати во Италија по три години.

Во 2015 година, тој пристигна во Јунајтед од Торино за 18 милиони евра, а за гигантите од Олд Трафорд играше 85 натпревари и постигна еден гол.

Дармијан може да игра на неколку позиции, но приоритетна му е позицијата десен бек, која остана празна по заминувањето на Лихштајнер.