Connect with us

Фудбал

Ново засилување во Парма, финскиот репрезентативец блиску до договор

Парма која сензационално се врати во Серија А сега започна да гради екипа за надигрување со најдобрите во Италија, а како што пишува „Gazette dello Sport“ наскоро би можел да пристигне и искусниот Перпарим Хатемај.

Имено, договорот на овој 31-годишен фински репрезентативец со Киево истекува на 30 јуни, и наводно е близу до потпишување на договор со Парма, па кариерата би можело да ја продолжи во овој клуб.

Инаку, Хатемај во Италија пристигна во 2010 година, кога дресот на Твенте го заменил со оној на Бреша. Летот 2011 година пристигна во Киево за око 1.8 милиони евра, а се чини дека неговата епизода во редовите на „Летачките магариња“ е готова.

Парма, по банкротот беше исфрлена во Серија Д, но успеа да се избори за три последователни промоции во повисок ранг, и многу брзо се избори за враќање во Серија А.