Connect with us

Тајмаут

Новогодишна честитка од 750 евра од ФФМ до Шкендија

Новогодишна честитка во глоба од 750 евра казна за прослава на роденден со пиротехника пристигнала на адресата на тетовска Шкендија.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ изрече казна на тетовска Шкендија, поради навивачите на клубот кои славеа 25 роденден и го одбележаа со пиротехника.

Казната се однесува за натпреварот против Ренова, кој се одигра во Тетово во рамки на 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.