Connect with us

Фудбал

Новото чудо од дете ги одби Реал и Барселона, па го избра овој клуб

Ред Бул Салцбург стекна реноме за расадника на таленти.

Последен во низата секако е неверојатниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд, а по негов пат би можел да чекори 19-годишниот Карим Адејеми.

Овој напаѓач оваа сезона експлодираше во дресот на Салцбург, а на 27 натпревари постигна 15 гола во сите натпреварувања. Тој додаде и три асистенции.

Во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година дебитираше за германската репрезентација и веднаш постигна гол против Ерменија. Одигра три натпревари и додаде асистенција во репрезентацијата.

За неговите услуги беа заинтересирани Барселона, Реал Мадрид и Ливерпул, но се чини дека ова момче не сакаше да ги прескокне скалите, па ја избра Борусија Дортмунд за своја следна дестинација, пренесува „Билд“.

Познато е дека Борусија нуди многу шанси на младите фудбалери, па тој тука виде и простор за напредок и целосна фудбалска афирмација.

Тој наводно договорил се со клубот од Германија, а единствено останува Борусија и Салцбург да се договорат за обештетувањето. Договорот на Адејеми со австрискиот тим е обврзувачки до летото 2024 година.

Интересно, тој играше за Баерн Минхен во јуниорските категории, а во Салцбург пристигна од У19 тимот на Унтерхахинг во 2018 година.