Connect with us

Фудбал

Њукасл го најде првото засилување за јануари, но мора да издвои дури 100 милиони фунти

Саудискиот принц Мохамед бин Салман неодамна и официјално стана нов сопственик на Њукасл.

Тој за купување на клуб од „Ст. Џејмс Парк“ издвои дури 300 милиони фунти, а Њукасл преку ноќ стана еден од најбогатите клубови во светот.

Навивачите на овој клуб се воодушевени што добија богат сопственик и очекуваат Њукасл да биде на врвот на англискиот фудбал веќе наредната сезона, но јасно е дека им претстои долг пат.

Главна цел на клубот е да остане во Премиер лигата и јасно е дека до следното лето не можат значително да го сменат играчкиот кадар.

Се уште е под знак прашалник кој ќе биде нов тренер на клубот бидејќи Стив Брус е таму додека не се најде вистинското решение. Сепак, има многу шпекулации за тоа кого би можел да донесе Њукасл.

Голем број на фудбалери одеднаш се поврзуваат со овој клуб бидејќи е јасно дека парите нема да бидат проблем за Њукасл кога се засилувањата во прашање. Цел на клубот се Усман Дембеле, Џесе Лингард и Џејмс Тарковски, а се шпекулира дека ќе се обидат да го доведат Еден Азар.

Но, според англиските медиуми во јануари, главна цел ќе биде Исмаил Сар, кој игра во дресот на Вотфорд. На 13 натпревари оваа сезона постигна пет гола и покажа дека е многу добар напаѓач.

Њукасл е подготвен да го доведе Сар во својот тим, но Вотфорд им порача дека во тој случај ќе мора да издвојат неверојатни 100 милиони фунти.

Сар пристигна во Ватфорд во летото 2019 година од Рен за 40 милиони фунти и клубот може да заработи огромни пари од неговата продажба доколку Њукасл одлучи да го донесе овој јануари.