Connect with us

Фудбал

Њукасл го сопре Арсенал, Манчестер Јунајтед “танцува” без Роналдо (ВИДЕО)

Њукасл стави крај на серијата од пет победи во низа на Арсенал. “Топџиите” беа домаќини на Њукасл, но мечот заврши без голови. Покрај тоа што не победија, Арсенал остана лидер со 44 бодови, осум повеќе од Манчестер Сити на второто место, кој има и меч помалку.


За разлика од Арсенал, Манчестер Јунајтед ја продолжи победничката серија. Славеа по дождливо време на домашен терен против Бурнмаут со 3:0. Ова за нив беше четврта победа во низа во Премиер лигата, а шеста во сите конкуренции. Исто така ова беше четврти меч во низа во кој Јунајтед не примил гол. Стрелци на головите беа Каземиро, Лук Шо и Рашфрод.

Премиер лига, 19. коло

Вторник:
Арсенал – Њукасл 0:0
Евертон – Брајтон 1:4 (0:1)
Лестер – Фулам 0:1 (0:1)
Манчестер Јунајтед – Бурнмаут 3:0 (1:0)

Среда:
20.30 Саутемптон – Нотингем Форест
20.45 Лидс – Вест Хем
21.00 Астон Вила – Вулверхемптон
21.00 Кристал Палас – Тотенхем

четврток:
21:00 Челзи – Манчестер Сити

Понеделник:
Брентфорд – Ливерпул 3:1 (2:0)