Connect with us

Фудбал

Њукасл конечно избра нов тренер, навивачите разочарани

Тренерот кој долго време го водеше Борнмаут, Еди Хау ќе го преземе тимот на Њукасл.

Новите сопственици на англискиот клуб долго време бараат наследник на Стив Брус, на крајот изборот падна на Хау.

Тој стана избор кога многу големи тренери ги одбија понудите на „Страчките“. Клупските челници веруваат дека Хау е решението за излез од кризата и започнување на нивната мала ренесанса, но навивачите се незадоволни.

Повеќето навивачи на Њукасл мислат дека тренер требало да биде некој како Унаи Емери, Пол Фонсека или во најдобар случај некој како Зинедин Зидан.

Но, сакале или не, Хау наскоро би требало да биде назначен за нов тренер на култниот клуб кој го купи саудискиот принц и во иднина се очекуваат големи засилувања и пробив на овој тим кон самиот врв.

Хау ги објаснил своите ставови и можности на состанокот со челниците на Њукасл, а наводно неговиот пристап бил сосема доволен за да се постигне начелен договор за соработка.

43-годишниот перспективен англиски тренер еднаш играше за Бурнмаут и Портсмут, додека како тренер го водеше Бурнмаут во два наврати, а исто така помина една сезона во Барнли. Од Борнмаут си замина во 2020 година откако овој тим испадна од Премиер лигата.