Фудбал
Њукасл подготвува пеколен трансфер: Ја сака ѕвездата на Баерн, пристигна позитивен одговор
Њукасл подготвува голем трансфер, пренесуваат водечките светски медиуми и „заѕвониле“ на врата во Баерн.
Имено, страчките во своите редови го сакаат Никлас Суле (26), дефанзивец на Баварците, а она што им оди во прилог е фактот што самиот Суле сака да се испроба во англискиот фудбал и не би имал ништо против тоа да биде Њукасл.
Споменатиот фудбалер има договор со Баварците до крајот на оваа сезона, а неговата моментална вредност е 35 милиони евра.
Јануари е шанса за Баерн да се обиде да заработи од Суел инаку во јуни би одел како слободен играч.
Њукасл веќе го подготви теренот и во наредните денови ќе ја испрати првата сериозна понуда на адреса на баварскиот тим.
Суле е стандарден германски репрезентативец за чија селекција одигра 37 настапи, а во редовите на Баерн дојде во јули 2017 година по одличните партии во дресот на Хофенхајм.