Фудбал
Њукасл пронајде засилување во Ливерпул
Дефанзивниот англиски фудбалер Натаниел Филипс би можел да го напушти Ливерпул во јануари.
Германскиот стручњак Јирген Клоп сезонава не му дава можност на споменатиот фудбалер, па неговото заминување во јануари изгледа како реална опција.
Иако оваа сезона одигра вкупно три натпревари, Филипс не е без понуди, а според медиумите од Островот, Њукасл би сакал да го види во своите редови.
Клубот кој во последно време е најбогат во светот моментално ја зазема последната позиција на табелата во Премиер лигата и дефинитивно ќе го засили својот кадар во јануари, а се чини дека Филипс ќе биде првото засилување на „Страчките“.
Покрај Њукасл, за Филипс е заинтересиран и Вест Хем, а треба да се додаде дека за „Црвените“ одигра вкупно 23 натпревари. Во својата кариера настапуваше и за Штутгарт, чиј дрес го носеше во 22 наврати.
За крај да додадеме дека Њукасл е заинтересиран и за играчот од средниот ред на Лил, Ренато Санчез.