Connect with us

Кошарка

О’Нил: Голден Стејт не би имале шанса во мое време

Пет последователни финалиња, три титули, рекордна сезона 73-9 – ниту едно од овие достигнувања на Голден Стејт Вориорс не се сфаќа сериозно од легендата на Л.А. Лејкерс – Шекил О’Нил.

Според тешкиот центар, „воините“ би биле во средина на рангот во 90-тите и почетокот на новиот милениум, далеку од борбата за титулата.

– Тие би биле шести или седми во рангот на Западот. Тие дури и не би биле во игра за титулата, рече уверен Шек во својот подкаст.